ПОВЕЌЕ

    За акционерите на „Европа“ – дивиденда од 50 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Скопската компанија „Европа“ ќе подели дивиденда во бруто износ од 11,5 милиони денари (187 илјади евра), пресметана по 50 денари за акција. Предлогот е дел од дневниот ред на Собранието на акционери, закажано за 14 мај.

    Средствата ќе бидат исплатени во рамките на законскиот рок, најдоцна до 30 септември. Според дивидендниот календар, последен ден на тргување со право на дивиденда е 1 јуни. Листата на акционери со право на дивиденда ќе се утврди на 3 јуни.

    Акционерското друштво ја заврши деловната 2025 година со добивка од 43,2 милиони денари (702,6 илјади евра). На акционерите им се предлага поголемиот дел од тие средства, од 31,7 милиони денари (515,6 илјади евра) да останат како акумулирана добивка.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично