ПОВЕЌЕ

    За 3,8 проценти повеќе работници во индустријата во декември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Бројот на работниците во индутријата се зголемил за 3,8 проценти во декември лани, односно според податоците на Државниот завод за статистика, индексот во однос на декември 2022 година изнесува 103.8.

    Во текот на целата 2023, од јануари до декември, овој индекс е 101.6, што означува движење од 1,6 проценти.

    Во текот на декември, а во однос на истиот месец 2022, зголемување од 6,3 насто има кај бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во декември, додека во преработувачката индустрија – 4 проценти. Пад од 1,8 отсто е забележан во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

    Според главните индустриски групи, бројот на работниците бележи раст кај енергија за 3,7 и капитални производи за 18,7 насто. Намалување има кај интермедијарни производи, освен енергија за 3,6, како и кај трајни производи за широка потрошувачка за 4 и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично