ПОВЕЌЕ

    Во сопственост на ЕЛ.П.ЕТ над 85 проценти од акциите на „Окта“

    Време зa читање: < 1 минутa

    ЕЛ.П.ЕТ купи дополнителни 1.422 акции на „Окта“. Во моментот поседува 85,04 отсто од хартиите од вредност издадени од компанијата.

    Во ценовно чувствителната информација објавена на Македонска берза е наведено:

    „ОКТА АД- Скопје објавува дека по соодветно известување, ЕЛ.П.ЕТ. – БАЛКАНИКИ АНОНИМИ ЕТЕРИА ПЕТРЕЛЕУ ја зголеми својата сопственост за 1.422 акции, достигнувајќи вкупно 719,784 акции, што одговара на 85.04% од вкупниот број на акции“.

    Компанијата ќерка на грчкиот „Хеленик Петролеум“, според берзанските известувања, интензивното купување на акциите го почна во јули. За споредба, на крајот од минатата година во сопственост на ЕЛ.П.ЕТ биле 689.875 обични акции или 81,51 процент. Оттогаш досега има разлика од 29.909 акции. Во меѓувреме, „Пуцко Петрол“ кој поседуваше 11,05 проценти ги продаде скоро сите акции.

    Всушност, ЕЛ.П.ЕТ ги откупува акциите од малите акционери по цена од 5.919 денари.

    По тој износ вчера биле истргувани 192 акции, при што е направен промет од 1.136,450 денари (18,5 илјади евра), забележано е во официјалната дневна берзанска листа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично