ПОВЕЌЕ

    УНИ Банка под лупа на Берзата – најавеното преземање ја однесе на Листата за набљудување

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонската берза ја внесе УНИ Банка АД Скопје на „Листата за набљудување“, откако беше објавена намера за давање понуда за преземање на Банката.

    Од Берзата информираат дека одлуката е донесена согласно член 61-а од Правилата за котација, а целта е да се обрне внимание на инвеститорската јавност на околностите поврзани со издавачот.

    „Внесување на друштвото УНИ Банка АД Скопје на ‘Листата за набљудување’ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавената намера за давање понуда за преземање на друштвото“, соопшти Македонската берза.

    Ставањето на листата за набљудување не значи прекин на тргувањето со акциите, туку претставува дополнителен сигнал до инвеститорите дека околу компанијата постојат околности што можат да влијаат врз инвестициските одлуки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично