ПОВЕЌЕ

    Три трети места за натпреварувачите на ТТК Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Натпреварувачки дух, подготвеност, тимска и енергична игра и желба за успех манифестираше тимот на ТТК Банка на годинешните 23-те Спортски средби на СФОМ.

    Тимот на ТТК Банка освои три трети места. Во одбојка мажи, во серва и шах.

    Во генералниот пласман, меѓу 14 учесници ТТК Банка се пласира на шестото место по бројот на освоени пехари.

    ТТК Банка учествуваше со 30 претставници, кои се натпреваруваа во кошарка мажи, фудбал, одбојка жени, одбојка мажи, шах, пикадо, стрелаштво, серва, тенис жени, тенис мажи, пинг понг жени, пинг понг мажи, куглање.

    За сите нив ова беше незаборавен викенд, исполнет со позитивна енергија, дружење, тимски дух и големо задоволство за освоените награди.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично