ПОВЕЌЕ

    АКО БАРАШ ПАРИ ОД ИНВЕСТИТОРИ, ПОДАТОЦИТЕ МОРА ДА СЕ НА МАСА

    Време зa читање: 2 минути

    Кога бараш пари од инвеститори, мора да покажеш како работиш и кои ризици ги преземаш. Нина Мојсова Ќосева, финансова директорка на Иуте Македонија, во „Каде се парите? со Горан Теменугов“ објаснува зошто издавањето корпоративна обврзница за компанијата значело и јавно изложување на нејзиното работење. Според неа, транспарентноста носи поголема пазарна дисциплина и одговорност на менаџментот. Може ли токму ваквото излегување пред инвеститорската јавност да го промени односот на останатите компании кон отчетноста?

    Целиот разговор гледајте го на „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Претплатете се на нашиот ЈуТјуб канал: https://youtube.com/playlist?list=PLqqetpN_zeRo0JZtlyIE9xGbXe6y1ZLc6&si=mFfhTzz5ZeuTfFuS.

    Нина Мојсова Ќосева: Застанавме пред домашните инвеститори и пред инвеститорската јавност со целата наша приказна како компанија. Од каде сме почнале, до каде сме стигнале, колку сме пораснале, како ги управуваме нашите ризици, како го носиме процесот на корпоративно управување и се разбира како растеме со профитабилноста и со капиталот…

    …Ние кон тоа и целевме на некој начин, затоа што транспарентноста носи една поголема пазарна дисциплина, би рекла, и поголема одговорност кај менаџментот на компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично