ПОВЕЌЕ

    Канди Инвест го зголеми акционерскиот удел во ЗК Пелагонија

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата Канди Инвест стекна уште 25 акции од битолскиот ЗК Пелагонија. Во моментот поседува 7,03 отсто од акционерскиот капитал на Комбинатот.

    „ЗК Пелагонија АД Битола известува дека е настаната промена на вкупниот број акции што ги поседува акционер со над 5% акции, бидејќи Друштвото за производство, трговија и услуги Канди Инвест ДООЕЛ Скопје, кое поседуваше 14.233 акции, односно 7,02% од вкупниот број акции, стана сопственик на дополнителни 25 акции, така што сега друштвото поседува вкупно 14.258 акции, односно 7,03% од вкупниот број акции“, наведено е во објавата што земјоделскиот комбинат ја сподели на Македонска берза.

    Оваа компанија во акционерската структура на ЗК Пелагонија влезе во август годинава, со преземање на споменатите 14.233 акции од Дејан Панделески. Канди Инвест се занимава со трговија на големо со жито, суров тутун, семе и добиточна храна.

    Според берзанските податоци, акцијата на ЗК Пелагонија има просечна цена од 3.450 денари, произлезена од последното тргување на 23 септември. Тогаш биле купени 25 акции за 86.250 денари, веројатно од Канди Инвест.

    Инаку, во изминатите 52 недели биле регистрирани 18 купопродажни трансакции, низ кои вредноста на акцијата се движела од 3.450 до 3.600 денари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично