Македонија произведува и извезува и, истовремено, увезува лубеници. Македонската лубеница најмногу ја консумираат Чесите, а на македонските граѓани им се сервира албанската верзија на овој производ.
Во првите седум месеци годинава биле извезени 4 381 илјада тони лубеница, додека увезени се 5 924 илјади тони, што е реркод во апсолутни бројки во однос на последните неколку години.
Притоа, увозот има предност пред увозот. Во првите седум месеци од годинава од земјава биле извезени 4.381 илјада тони лубеница, а увозот достигнал 5.924 илјади тони. Чешка е најголемиот купувач на македонската лубеница, со 36 отсто од извозот. Паралелно со тоа, од Албанија ни пристигнале речиси девет од десет килограми увезена лубеница. Ова го покажува анализата на МИА, изработена врз основа на податоците на Државниот завод за статистика, според која извозната позиција на земјава во последните години постепено слабее, иако домашното производство останува релативно стабилно.
Минатата година со бостан – дињи и лубеници – биле засадени 4.999 хектари, од каде што произлегло производство од вкупно 132.323 тони, или просечно 26.566 килограми по хектар.
Најсилна извозна година во анализираниот период била 2022, кога биле извезени 11.378 тони лубеници. Веќе во 2023 извозот речиси се преполовил, на 5.809 тони, а во 2024 повторно се искачил на 10.181 тон. Во 2025 биле извезени 7.408 тони.
Наспроти осцилациите кај извозот, растот е константа кај увозот: 1.589 тони во 2022 година, 2.178 тони во 2023, 2.850 тони во 2024 и 4.757 тони во 2025 година. И, годинава од јануари до јули ги достигнал досега највисоките 5.924 тони.
Најголем дел од македонските лубеници завршуваат на пазарите од Централна и Источна Европа. Чешка е најзначајната извозна дестинација, следува Украина со 15 отсто, па Полска и Литванија со удел од по 8 отсто.
Што се однесува до традиционалните регионални пазари – во Србија, во 2024 година биле пласирани 1.129 тони, во 2025 658 тони, а во првите седум месеци годинава само 226 тони. Но, Бугарија во 2024 и 2025 година бележела силен раст и лани увезла околу 1.500 тони македонска лубеница, додека Босна и Херцеговина се издвојува како постабилен регионален пазар.
Од аспект на вредноста на извозот, Чешка е прва и во тој сегмент во првите седум месеци од годинава со 466,5 илјади евра. Втора е Украина со 273,6 илјади евра.
Сепак, се издвојува Норвешка. Иако е седма според извезената количина, вредноста на извозот е 191,7 илјади евра, а просечната цена е 0,85 евра за килограм. Високи цени се постигнуваат и во Германија – 0,55 евра за килограм, во Украина просекот е 0,32 евра, а во Чешка 0,22 евра за килограм.
Од другата страна на трговијата, Албанија е убедливо најзначајниот снабдувач на македонскиот пазар. Во последните пет години од Албанија доаѓаат 78 отсто од вкупно увезените лубеници. Уште повеќе, нејзиното учество забрзано расте. Од околу половина од увозот во 2022 година, уделот се искачил на речиси 89 отсто во 2025 и 2026 година.
Грција е вториот поголем снабдувач, а Турција постепено го губи значењето и во 2026 година, според анализираните податоци, нема регистриран увоз.
Аналитика








