ПОВЕЌЕ

    „Тетекс“ ќе дели дивиденда од 55,56 денари по акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на „Тетекс“ од Тетово ќе поделат дивиденда од 21,6 милиони денари. Утврдено е пресметката да се прави по 55,56 денари бруто, што е 1,795 проценти од номиналната вредност на една акција.

    Последен ден на тргување со право на дивиденда е 8 мај, прв ден на тргување без право на дивиденда е 11 мај, а датумот на стекнување на право на дивиденда е 12 мај. Според одлуката усвоена на акционерското Собрание, исплатата ќе се реализира во законскиот рок.

    Притоа, како што е наведено, учеството во добивката на извршните директори се пресметува само врз делот од добивката што останува по издвојување на законските и статутарните резерви, согласно договорите со друштвото и одредбите од Законот за трговски друштва.

    Минатата година „Тетекс“ оствари добивка од 66,2 милиони денари (над еден милион евра). Освен за дивиденда, над 3,3 милиони денари се насочуваат кон законските резерви на друштвото, а 41,3 милиони денари како нераспоредена добивка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично