ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка: Од акумулираната добивка 40 милиони евра наместо кај акцонерите, одат во основен капитал

    Време зa читање: < 1 минутa

    Дел од акумулираната добивка на Стопанска банка Скопје, во износ од речиси 40 милиони евра, нема да биде поделен меѓу акционерите како дивиденда, туку останува како основен капитал. Овој предлог треба да биде потврден на претстојното акцонерско Собрание, закажано за 28 март.

    „Собранието на акционери на Стопанска банка АД – Скопје ја одобрува прераспределбата на дел од акумулираната добивка во добивка ограничена за распределба на акционерите, во вкупен износ од 2.460.000.000,00 денари“, се вели во предлог-одлуката.

    Во иднина, како што е наведено, предвидениот износ нема да биде расположлив за исплата на дивиденда, туку согласно „релевантната важечка регулатива на Народната банка на Република Северна Македонија има третман на основен капитал на Стопанска банка АД – Скопје“.

    На овој начин треба да се обезбеди коефициентот на адекватност на капиталот да биде усогласен со регулативните барања пропишани од страна на Народната банка. Освен тоа, ќе биде и поддршка на деловниот план и дополнително ќе го зајакне основниот капитал на Банката.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично