ПОВЕЌЕ

    Сони двојно го зголеми профитот за време на пандемијата

    Време зa читање: 2 минути

    Јапонската компанија за електронски уреди и забава, „Сони“ се зголеми за повеќе од два пати во последниот квартал благодарение на видео игрите, бидејќи повеќе луѓе остануваат дома за време на пандемија, соопшти фирмата.

    Сони наведува дека во периодот од јули до септември остварила профит од 4,4 милијарди долари, додека кварталната продажба донесе приход од 20 милијарди долари.

    Компанијата ја зголеми својата предвидена заработка во оваа фискална година на 7,7 милијарди долари од претходно очекуваните 4,9 милијарди, објави АП.

    Sony очекува силен деловен ефект во поделбата на видео игри кога наскоро ќе започне продажбата на PlayStation 5, иако и сегашниот модел на конзола и неговите игри добро се снаоѓаат на пазарот за време на пандемијата.

    Sony од јули до септември продаде 1,5 милиони конзоли на PlayStation 4.

    Јапонскиот гигант работи и во многу други сектори, од електронски уреди до финансиски услуги, но на другите оддели не им оди толку добро, со исклучок на музичката услуга.

    Покрај тоа, Сони очекува раст на продажбата на сензори за дигитални фотоапарати и фотоапарати за мобилни телефони.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично