ПОВЕЌЕ

    Гувернерот Славески за Алта банка: Нема милионски трансфери кон Србија, ниту податоци за перење пари

    Време зa читање: 2 минути

    Во деновите по 26 октомври не се евидентирани милионски трансфери, ниту податоци што би ги потврдиле тврдењата за големи одливи на средства кон и од Србија и перење пари преку Алта банка Битола. Вкупните одливи изнесуваат околу 180 илјади евра, а приливите од Србија во земјава во се околу 16.000 евра. Станува збор за редовни трансакции на клиентите на Банката поврзани со нивното работење, меѓу кои и плаќања за увоз на стоки, истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостувањето во емисијата „Топ тема“, осврнувајќи се на обвинувањата за наводни одливи на средства од битолската банка и сомневањата за перење пари.

    „Вкупните одливи кон клиенти во Србија изнесуваат 180 илјади евра. Повторувам, станува збор за редовни плаќања преку Алта банка Битола кон Србија. Ги проверивме трансакциите и станува збор за плаќања поврзани со редовното работење на клиентите на Банката, меѓу кои и мали бизниси во земјава коишто увезуваат стока. Од друга страна, приливите од Србија во земјава во истиот период изнесуваат само 16 илјади евра. Значи, нема милионски трансфери, нема такви одливи, ниту податоци за перење пари“, нагласи гувернерот.

    Тој појасни дека податоците се однесуваат на периодот по 26 октомври, односно по завршувањето на изборите во Србија и дека Народната банка ги проверила трансакциите што се однесуваат на плаќањата кон и од Србија.

    Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во Алта банка АД Битола и да ги презема сите активности во рамките на своите законски надлежности, со цел заштита на средствата на клиентите и зачувување на стабилноста на Банката и на банкарскиот систем.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично