ПОВЕЌЕ

    ОХРИД И МАВРОВО ВО ИЗБОРОТ НА QUARTZ – Две меѓународни препораки, една голема шанса за македонскиот туризам

    Време зa читање: 2 минути

    Меѓу познатите јадрански летувалишта, историските балкански градови и медитеранските острови, американскиот медиум Quartz издвојува и две македонски дестинации. Охридското Езеро и Националниот парк „Маврово“ се најдоа меѓу осумте места на Балканот што ги препорачува за патување во 2026 година. Македонија, заедно со Хрватска, е единствената земја со две дестинации во овој избор. Признанието носи дополнителна меѓународна видливост, но отвора и важно прашање – колку успешно земјава го претвора туристичкиот потенцијал во повеќе посетители и ноќевања?

    Охридското Езеро е на четвртото место, а Маврово на шестото. Американскиот медиум го опишува Охрид како една од највпечатливите дестинации во регионот, препознатлива по спојот на природното и културното наследство заштитено од УНЕСКО. Посебно се истакнува можноста за помирен одмор, надвор од метежот на најпознатите европски туристички центри.

    За Маврово, пак, се нагласуваат планинските предели, шумите, езерото и можностите за активен одмор. Во препораката посебно место има Галичката свадба, претставена како автентичен културен настан што на посетителите им овозможува да ја запознаат македонската традиција.

    Интересно е што двете македонски дестинации се претставени како природно надополнување на едно туристичко патување. Наместо престој само на едно место, Quartz ги охрабрува посетителите да го истражуваат регионот преку повеќе поврзани дестинации, со доволно време за запознавање на локалната култура.

    На врвот на изборот се наоѓа Сараево, пред Котор и хрватска Истра. По Охрид следува Албанската ривиера, а зад Маврово се Приштина и хрватскиот остров Брач. Листата е редакциска туристичка препорака, а не резултат од гласање или статистичко рангирање на посетеноста.

    Меѓународниот интерес доаѓа во период кога туристичките показатели во Македонија бележат раст. Според Државниот завод за статистика, во првите осум месеци од 2026 година земјава ја посетиле 985.959 туристи, од кои 654.827 биле странски. Бројот на странските туристи е зголемен за 3,2 проценти, а нивните ноќевања за 5,7 проценти во споредба со истиот период лани.

    Сепак, податоците покажуваат и простор за подобрување. Странските посетители оствариле нешто повеќе од 1,21 милион ноќевања, што во просек изнесува околу 1,85 ноќевања по турист. Тоа го отвора прашањето како Македонија може да ги поттикне посетителите да остануваат подолго и да посетуваат по

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично