ПОВЕЌЕ

    Петрески: Шокот не удира веднаш, има време за реакција

    Време зa читање: 2 минути

    Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, економистката Благица Петрески од Finance Think објаснува како поскапувањето на енергенсите се прелева врз инфлацијата. Таа посочува дека директниот ефект од растот на цените на нафтата на краток рок е релативно ограничен. Причината е што постои временски јаз меѓу шокот и неговото целосно влијание врз економијата. Токму тој период им овозможува на институциите да реагираат со мерки за ублажување на идниот удар. Но, дилемата е што ќе се случи ако ценовниот притисок потрае подолго.

    „Според нашите првични проекции, 10% раст на цената на енергенсите и на нафтата ќе се зголеми за 0,1 процентен поен ќе влијае врз вкупната инфлација. Ова е на краток рок, односно ако цените на енергенсите бидат во краток рок на повисоко ниво. Што значи дека ефектите се мали на краток рок. Меѓутоа не значи дека на долг рок истите не би биле позначителни, што тоа го покажуваат и сценаријата за кои би дискутирале подоцна. Тоа значи дека на почеток, кога инфлацијата, кога шокот настана, има одреден временски бафер од моментот на настанување до моментот на целосно прелевање врз економијата. Тоа значи од тој аспект, мерките не беа закаснети, се делуваше во рамки на оној бафер кој што владата го имаше за да делува на намалување и амортизирање на овој шок.“

    СО ТРИ СЕНДВИЧАРИ И ЕДЕН РЕСТОРАН ГОДИШНО „ВРТИ“ НАД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: Кој е македонскиот „Мекдоналдс“?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично