ПОВЕЌЕ

    Со нова емисија на акции ТТК банка ја зголеми основната главнина

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК банка АД Скопје ја зголеми основната главнина со сопствени средства. Во третата емисија се издадени 57.698 обични акции по пат на приватна понуда. Ова е направено согласно решението од Народната банка за издавање претходна согласност за измена на Статутот на ТТК, информираат од Банката.

    Со новата емисија основната главнина на ТТК банка изнесува 965.586.000 денари (речиси 15,7 милиони евра) и е поделена на 965.586 обични акции, секоја со номинална вредност од 1.000 денари.

    Зголемувањето на основната главнина е запишано во Централниот регистар и исто така, акциите се заведени во Централниот депозитар за хартии од вредност.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично