ПОВЕЌЕ

    Httpool ќе биде адвертајзинг партнер на Snapchat за 15 европски пазари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Snapchat, една од водечките комуникациски платформи со повеќе од 229 милиони дневно активни корисници, склучи партнерство со агенцијата Httpool која ќе биде нејзин адвертајзинг партнер на 15 европски пазари меѓу кои и Хрватска, Словенија и Бугарија.

    Така, Httpool станува претставник на рекламната канцеларија на Snapchat за Австрија, Швајцарија, Финска, Полска, Романија, Грција, Словенија, Бугарија, Литванија, Латвија, Естонија, Чешка, Словачка, Унгарија и Хрватска.

    „Новото партнерство е дополнително признание за Httpool дека компанијата останува сигурен и доверлив партнер на водечките светски медиумски платформи  како што покрај Snapchat се и Facebook, Twitter, LinkedIn in Spotify“ – изјавија од агенцијата по повод ова ново партнерство.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично