ПОВЕЌЕ

    Силк Роуд Банка ја збогати понудата со нов станбен кредит

    Време зa читање: 2 минути

    Силк Роуд Банка АД Скопје лансираше на пазарот нов производ – станбен кредит со најниска фиксна каматна стапка во земјата, почнувајќи од 2.5%.

    Новиот кредитен производ е наменет за купување нов стан или куќа, за изградба на нов дом, за реновирање на постојни недвижности, за купување на деловен простор, како и за рефинансирање на станбени кредити од други банки. За финансирање на овие намени, достапни се поединечни кредити во износ до 400.000 евра, со рок на отплата до 30 години и грејс-период од една година.

    Една од најголемите поволности што ги нуди новиот станбен кредит на Силк Роуд Банка се најниските фиксни каматни стапки во земјава од 2,5% за првите три години, 3,5% за четврттата и петтата година, односно 5.5% до крајот од отплатата на кредитот. Дополнително, сите што ќе аплицираат за добивање кредит во промотивниот период кој трае до крајот на јуни оваа година, ќе можат да го сторат тоа без дополнителни трошоци за администрирање и без трошоци за проценка на имотот што служи како обезбедување на кредитот.

    За да им го олесни дополнително процесот на купување нов дом, Банката веќе соработува со најголемите градежни компании во земјатата, со што на потенцијалните клиенти им е овозможено, со минимално сопствено учество од 15% од вредноста на кредитот, да дојдат до нов стан или деловен простор кој што е во фаза на градба.

    Дополнителни информации за новиот станбен кредит можат да се добијат во сите експозитури на Силк Роуд Банка, по електронска пошта: [email protected], како и на веб страницата: www.silkroadbank.com.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично