ПОВЕЌЕ

    Развојна банка: 5,9 милиони евра ќе добијат 506 компании

    Време зa читање: 2 минути

    5,9 милиони евра ќе добијат 506 компании со вкупно 3,552 вработени кои ја сочинуваат првата група кредитни барања и ги исполнија условите од јавниот повик на Развојната Банка.

    Според структурата на овие кредитни барања, 275 кредитни барања доаѓаат од мали компании, 222 барања се од  микро компании и 9 кредитни барања се од трговци- поединци.

    Најголем дел од компаниите во првата група од 506 компании, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 37%, а по него следи Полошкиот регион со 17% и југоисточниот  регион со 14%. Од југозападниот, источниот и Пелагонискиот регион доаѓаат 7 до 8 отсто од одобрените кредитни барања во првата група, додека од Вардарскиот и североисточниот регион доаѓаат 5% од одобрените кредитни барања во првата група.

    Кредитните барања се обработуваат хронолошки, како што се пристигнати, согласно Јавниот повик и информациите наведени во него. Одобрувањето на кредитните барања ќе се врши во групи, сè до исцрпување на расположливите средства од Фондот за микро и мали претпријатија.

    Во следните денови, службите на банката ќе ги контактираат компаниите чии кредитни барања се одобрени за склучување на договор.

    Tретата бескаматна кредитна линија се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично