ПОВЕЌЕ

    Прва земја со целосно бесплатен јавен превоз: Средношколците и младите веќе не плаќаат

    Време зa читање: < 1 минутa
    Луксембург треба да стане првата земја во светот што ќе го направи целиот јавен превоз бесплатен.

    Премиерот Ксавиер Бетел и коалициската влада најавија дека следното лето сите железнички, трамвајски и автобуски услуги ќе бидат бесплатни.

    Со оглед на долгите патувања и штетното влијание на издувните гасови на автомобилите врз животната средина, тие се надеваат дека овој потег ќе може да го ублажи дел од најлошите сообраќајни метежи во светот.

    Луксембург, кој граничи со Белгија, Германија и Франција, има повеќе од 400.000 патници кои доаѓаат на работа секој ден од соседните земји.

    Извор: B92

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично