ПОВЕЌЕ

    ПроКредит Банка: Растат депозитите, кредитите и профитот 

    Време зa читање: 2 минути

    Изминатата 2022 година по сите параметри е мошне значајна за ПроКредит Банка. Остварени се позитивни деловни резултати – над 17 проценти раст на бројот на бизнис клиенти и над 12 насто раст на бројот на физички лица. Кај депозитите зголемувањето е 17, додека солидни 50 проценти се забележани како пораст на профитот. Исто така, раст има и кај кредитното портфолио, и тоа во вкупна вредност од 12,4 милиони евра. Во тој сегмент особено е важно зголемувањето од 22 насто, евидентирано во кредитирањето на граѓаните. Притоа, нивото на нефункционални кредити е со минимални 1,78 проценти и е под просекот на банкарскиот сектор. Затоа, пак, натпросечно е учеството на еко-портфолиото во вкупното кредитирање – 20 проценти.

    Депозитната база бележи раст од 68 милиони евра, што говори за довербата на клиентите во Банката. Оттука, вкупните депозити го достигнале нивото од 480 милиони евра.

    Од Прокредит посочуваат дека позитивниoт тренд е знак за стабилно функционирање, при што анализираните ризици се соодветно менаџирани и се на ниско ниво. Потврда за тоа е високиот кредитен рејтинг (BBB-) оценет од меѓународна агенција Fitch, со што ПроКредит е единствената банка во Македонија со ваков рејтинг.

    Како дел од систематизираниот ESG пристап, Банката и лани продолжи со креирање позитивен импакт на пазарот за инвестиции во соларната енергија, како начин за справување со климатските промени и декарбонизација на домашниот енергетски систем. Ефектите од тоа се поддршка на повеќе од 120 инвестиции во соларната енергија за сопствена употреба, од над 30МВ во инсталиран капацитет.

    Воедно, Банката и натаму ги поддржува населението и бизнис секторот. А, фокусот е насочен кон економскиот раст и развој преку зелените инвестиции и дигитализацијата.

    Годинава, пак, е јубилејна за ПроКредит – 20 години успешно дејствување на пазарот. Ќе биде одбележана со иновации. Според најавите, меѓу новитетите ќе биде и можноста за користење дигитален идентитет за отворање сметка во Банката и потпишување на документи и договори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично