ПОВЕЌЕ

    Приходи доаѓаат само преку извршител – ЖАС и натаму со блокирана сметка и без основна дејност

    Време зa читање: 2 минути

    Меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје и во првата половина од годинава останува без реална деловна активност. Компанијата остварила загуба од 34,8 илјади денари, а во извештајот до Македонската берза наведува дека не работи и не остварува приходи од својата основна дејност.

    Вкупните приходи за периодот јануари – јуни изнесуваат само 42,6 илјади денари и, како што се посочува, не произлегуваат од транспортни или шпедитерски услуги, туку исклучиво од наплата по решение на извршител.

    Расходите достигнале 16,7 илјади денари, главно за банкарски услуги и ревизија, додека амортизацијата изнесувала 60,8 илјади денари, што довело до негативен финансиски резултат.

    Компанијата потврдува дека жиро-сметката и натаму ѝ е блокирана, а неповолното деловно опкружување целосно го оневозможува нормалното работење.

    „Друштвото не работи и не остварува приходи од своите основни деловни активности. Иднината на друштвото е во значајна неизвесност“, посочуваат од ЖАС.

    Ваквата состојба се провлекува веќе неколку години. ЖАС уште од 2020 година се наоѓа на Листата за набљудување на Македонската берза, бидејќи јавно објави дека нема деловна активност и има блокирана банкарска сметка. И во кварталните извештаи за 2025 и 2026 година компанијата повторува дека приходите ги обезбедува единствено преку наплати по решенија од извршител, основната дејност – товарниот патен транспорт, практично не се извршува.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично