ПОВЕЌЕ

    Во интерес на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија, презентиран моделот на Crowdfunding – платформата

    Време зa читање: 2 минути

    За поврзување на примарниот и секундарниот пазар за обезбедување капитал, преку берзанското работење, создадена е „Funderbeam“, „crowdfunding“ – платформа, преку која се поврзуваат компаниите кои сакаат да приберат финансиски средства и инвеститорите кои бараат можности за вложување во компаниите во ран развој.

    Како основна технологија, „Funderbeam“ во моментов ја користи технологијата „blockchain“ (базирана на протоколи, снимени и безбедни електронски информации за сите извршени трансакции), која се базира на криптографијата. Во интерес на компаниите-членки на Стопанската комора на Македонија, беше презентиран овој модел на работење, од страна на главниот извршен директор на Македонка берза АД – Скопје, Иван Штериев и проектниот менаџер Кароилина Каровска Божиновска.

    Со оваа платформа, малите и средните претпријатија и т.н. стартап компании имаат можност преку алтернативен начин на прибирање на дополнителен капитал, да обезедат развој на нивните бизниси и потенцијална трансформација во друштва погодни за идна котација на Берзата.

    Потенцијални корисници на оваа платформа во делот на македонските компании се исклучиво правните лица кои не се основани како акционерски друштва.

    Во наредниот период, Берзата планира самостојно или заеднички со другите чинители на македонскиот стартап екосистем да организира низа промотивни настани за подетално запознавање на сите заинтересирани околу можностите што ги овозможува оваа „crowdfunding“ – платформа.

    Извор: Стопанска комора на Македонија

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично