ПОВЕЌЕ

    Парното поскапува за 5,96 насто, но останува најевтино во регионот – велат од РКЕ

    Време зa читање: 2 минути

    Од 1 август скопјани ќе плаќаат повисоки сметки за парно греење. Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинската енергија за најголемиот систем – ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ Производство на топлина – се зголемува во просек за 5,96 проценти.

    Тоа значи дека просечната месечна сметка за домаќинствата ќе се зголеми за околу 140 денари, од досегашните 2.353 денари на 2.493 денари.

    За корисниците на поранешната Топлана Скопје Север, со која управува Енерџи Еколинк, цената ќе се зголеми во просек за 3,6 проценти, додека за потрошувачите што се снабдуваат преку ЕСМ Енергетика поскапувањето ќе биде околу 5 проценти.

    Претседателот на РКЕ, Ацо Ристов, изјави дека одлуката е донесена по детални економски и технички анализи на работењето на компаниите, нагласувајќи дека тие побарале многу повисоко поскапување.

    „Енергетските компании бараа зголемување на цените од 30 до 130 проценти, но РКЕ донесе одлука за корекција од 5,96 проценти. Она што е клучно во наредниот период и што го поддржуваме е спојување на сите компании на ЕСМ што вршат дејност во топлинската енергија, со цел оптимизирање на ресурсите и зголемување на ефикасноста, што би значело поповолна цена за потрошувачите“, нагласи Ристов.

    Според анализите на регулаторот, и по ова поскапување домаќинствата во Скопје и натаму ќе плаќаат најниски сметки за парно во споредба со потрошувачите во Белград, Љубљана, Софија и Сараево. Освен тоа, велат, расте и интересот за приклучување кон системот за централно греење.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично