
Долговите на граѓаните и фирмите растат по секоја криза. Но тие денес веќе не се проблем само на примарните доверители и должници, тие стануваат бизнис.
Се појавија компании кои ги откупуваат долговите па потоа ги наплатуваат. Но колку е регулиран овој пазар вреден милиони евра? Но дали овие фирми открија голем проблем? А тоа е дали нефункционалните кредити се далеку повисоки од оноа што се прикажува во банкарските извештаи?
Кои се фирмите што наплаќаат долгови, а не се извршители? Кој ги контролира и според кои правила работат?
За бизнисот со долгови и за системот што стои зад него, во најновото издание на поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов. Гледајте нѐ.
Аналитика








