Комерцијална банка e современа, пазарно ориентирана и иновативна компанија, која посветува значајно внимание на задоволството и напредокот на своите вработени затоа што ги смета за една од најзначајните вредности и фактор за успешен развој на Банката.
Доколку сакаш да ги оствариш твоите желби и амбиции за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка.
Банката отвора оглас за вработување за еден Самостоен стручен соработник (Портфолио менаџер) во Сектор за ликвидност и финансиски пазар во Скопје
Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.
Работно време: 40 часа неделно.
Огласот важи до: 11.03.2025 година
Работни цели и задачи: Редовно следeње на случувањата на домашните и странски финансиски пазари, подготовка на анализи за финансиски инструменти и давање предлози за инвестирање за банкарското портфолио како и за портфолио на клиенти, управување со средствата на клиентите, врз основа на дефинирана инвестициска стратегија согласно профилот на клиентите и нивните потреби, следење на квалитетот на хартиите од вредност, следење на корпоративни активности и известување за истите (дивиденди, камати, главници итн.). Пренесување на знаење на останатите членови на тимот
изработка на прегледи и анализи за менаџментот на Банката, други работни задачи од делокругот на активности во надлежност на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.
Потребни квалификации и способности:
завршено високо образование од областа на економските науки
Да поседува CFA сертификат или е во фаза на полагање, со положен барем 1 од модулите.
Да има познавање на англиски јазик и MS Office алатки. Солидно познавање на математика. Сспособност за аналитичко мислење и антиципативно одлучување. Потоа најмалку 3 години работно искуство во финансиска институција. Висок личен интегритет, доверливост и чесност, како и прецизност во извршување на работните задачи. Ориентираност кон потребите на клиентите, адаптибилност во динамична работна средина, комуникациски вештини за работа во тим, способност за брзо одлучување
Придобивки за вработениоет што ги нуди банката се пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови, обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство, можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции, доброволно приватно здравствено осигурување. Потоа програма за спорт и рекреација, учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.
Апликацијата треба да се пополни на следниов линк: https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx# или да се достави CV на [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски, бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Самостоен стручен соработник – (Портфолио менаџер)”.
Телефон за контакт: (02) 3168 412
На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.
Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, твоите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.