ПОВЕЌЕ

    Од денеска исплата на августовските пензии до 11.000 денари и за сите на банкомат

    Време зa читање: < 1 минутa

    Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август (вторник). За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19, објави ПИОМ.

    Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

    • За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)
    • За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда)
    • За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток)
    • За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок)
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично