ПОВЕЌЕ

    НОВ ПРОТЕСТ, СТАРИ БАРАЊА: Платите на судските службеници да се зголемат 30 насто

    Време зa читање: 2 минути

    Со барање платите да се зголемат за 30, а не за договорените 10 насто, плус 25 проценти додаток на плата, вработените во судската администрација и членовите на независните синдикати на државната администрација и на судската служба, кој функционира во негов состав, излегоа на простести пред Владата и пред Министерство за правда. Незадоволството произлегува од ниските примања, кон кои се надоврзува и неисплаќањето на додатоците кои им следуваат по основа на работните обврски.

    „Револтира тоа што се работи за наши средства. Затоа, ќе ја појаснам нашата позиција, само во еден сегмент, односно нашите барања со уделот на нашата работа во Буџетот, преку работата на Кривичен суд, и тоа за наплата на паушална сметка на судот. Во период од први јануари до денес се наплатени 13 милиони денари за паушал, за 12 месеци тоа би било износ од 39 милиони денари од паушал. За такси за уверенија на неосудуваност и забрана на дејност во периодот од први јануари до денес се наплатени 9.420.000 денари, за 2022 година на сметка на Буџетот за уверенија се наплатени 16.232.000 денари. Со правосилни одлуки во 2022 година за парични казни во буџетот од Кривичен суд се издвоени 82.597.000 денари“, образложи претседателката на НССА, Јасмина Величкова.

    Од НСДА, пак, повторија дека се неопходни реформи во судската власт и независен судски буџет.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично