НЛБ Банка АД Скопје, како банка која е силно посветена на луѓето и континуирано инвестира во своите вработени, продолжува да го поттикнува професионалниот раст и развој на вработените.
Доколку сакате да работите на изготвување на финансиските извештаи на Банката, Секторот за финансиско управување нуди можност за зајакнување на својот тим на успешни професионалци, и ве мотивираме да се пријавите на отворената работна позиција:
Аналитичар – советник за финансиско известување Сектор за финансиско управување
Активности во службата:
- Изготвување на финансиски извештаи во согласност со регулативата на НБРСМ, според МСФИ и во согласност со сметководствените политики на НЛБ Групацијата;
- Координација и надзор на ревизија на финансиските извештаи на Банката од страна на надворешен ревизор;
- Следење и примена на Меѓународните сметководствени стандарди, Методологијата за евидентирање и вреднување на сметководствените ставки и Сметковниот план и други законски прописи поврзани со работењето на Банката;
- Управување со податоците на Банката за цели на известување;
- Изработка на финансиски анализи и мислења од доменот на работењето;
Твојот профил:
- Универзитетско образование;
- Минимум 2 години работно искуство во областа на финансиски извештаи на банки;
- Познавање на сегментот – управување со податоци и Power BI ќе се смета за предност како и познавање од областа на сметководствените стандарди;
- Одлично познавање на MS Office – MS Excel и MS PowerPoint;
- Одлично познавање на англиски јазик;
- Изразени организациски, комуникациски и тимски способности, ангажираност, иницијатива, темелен пристап кон работата и спремност за промени.
Мотив да ни се придружите:
- Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
- Континуирани обуки и индивидуален кариерен развој;
- Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
- Приватно здравствено осигурување.
Потврдете го вашиот интерес со доставување на мотивациско писмо во кое ќе ги образложите амбициите, мотивите и начините на придонес на наведеното работно место како и кратка биографија (CV) најдоцна до 03.03.2023, на [email protected] со назнака: Аналитичар – советник за финансиско известување.