ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка со намалени каматни стапки и нова промотивна кампања за кредитите на физички лица

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка во периодот од 01 септември до 31 октомври 2019 година води промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда Банката нуди нови потрошувачки и хипотекарни кредити со пониски каматни стапки, без трошоци за одобрување.

    Каматните стапки на НЛБ Кредитите се намалени до 0,7 процентни поени, при што кај НЛБ потрошувачките кредити започнуваат од 5,3% годишно, додека кај  НЛБ хипотекарните кредити започнуваат од 4,9% годишно.

    Во рамки на промотивната кампања сите НЛБ кредити се одобруваат без манипулативни трошоци, додека кредитите со обезбедување на надвижен имот ќе се одобруваат и без трошоци за проценка. Промотивната понуда важи за сите новоодобрени кредити.

    Воедно, НЛБ Банка во својата понуда воведе осигурување на отплатата на кредитот за потрошувачките кредити, кое е прво и единствено од овој тип на пазарот. Со овој тип на осигурување кредитокорисниците се осигуруваат од неможноста редовно да го враќаат кредитот поради престанок на работен однос, боледување или незгода.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично