ПОВЕЌЕ

    Наградна игра на Стопанска банка и Mastercard: 80 среќни картички со вредни парични награди

    Време зa читање: 2 минути

    Како заокружување на големиот јубилеј – 80 години Стопанска банка АД – Скопје, Банката организира голема наградна игра во соработка со Mastercard со работен наслов „80 среќни картички“ поради наградниот фонд кој вклучува 80 парични награди, секоја по 50.000 денари.

    Наградната игра со вкупен награден фонд од четири милиони денари, ќе трае до 28 февруари 2025 година, во периодот на зголемени трансакции поради празничните и зимските активности на клиентите. Право на учество имаат трансакциите на корисниците на дебитни или кредитни Mastercard картички издадени од Стопанска банка, направени во трговија во периодот од 1 декември до 28 февруари.

    Притоа, секоја трансакција со картичка во трговија носи една можност за учество во извлекувањата на наградната игра, додека трансакциите направени со Google Pay носат две учества во извлекувањата.

    Во текот на наградната игра ќе има две извлекувања по 40 среќни добитници на паричните награди. Првото извлекување е закажано за 24 јануари 2025 година, а второто на 14 март 2025 година. Во секое од извлекувањата автоматски, по случаен избор со софтверско решение, ќе се извлечат по 40 добитници на по 50.000 денари, како и три резервни добитници.

    Добитниците ќе бидат објавени на веб-страницата на Стопанска банка и на Фејсбук профилот на Банката, со иницијалите на добитниците, градот во кој живеат и нивниот уникатен ID број, на тој начин заштитувајќи ги личните податоци на добитниците. Согласно правилата едно лице може да добие награда само еднаш, но со повеќе направени трансакции со картичките, значително ги зголемува своите шанси да биде извлечено за вредната награда.

    Повеќе информации за наградната игра и условите за учество ќе најдете на веб-страницата на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично