ПОВЕЌЕ

    Млеко, месо, брашно, наполитанки… стотина производи со „гарантирани цени“

    Време зa читање: 4 минути

    Стотина производи опфатени во 25 категории ќе добијат намалени цени. Трговците се должни да „скинат“ десет проценти од цените, но не од актуелните, туку од оние кои биле важечки на први август. Воедно, мора да се означени на видно место со – „гарантирани цени“.

    Одлуката на Владата стапува во сила веднаш по објавувањето во „Службен весник“.

    Еве кои производи се на листата за „отстрел“ на цените:

    ориз бел, во пакување од 900 гр до 1 кг
    брашно пченично тип 400 и тип 500
    бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 гр (цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите
    други пекарски производи
    бисквити “Petit Beure” и бисквити обични и посни од 300 до 500 гр
    наполитанки, со фил од какао крем, (обични, непрелиани) од 300 до 500 гр
    тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 гр
    јунешко месо без коски од бут или некој друг дел
    свинско месо без коски од бут или некој друг дел
    мелено месо свинско и јунешко
    пиле свежо или замрзнато (цело)
    пилешки стек свеж или замрзнат
    мелено месо свинско и јунешко
    чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување
    пилешка посебна салама (без слајс пакување)
    паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 гр
    трајно кравјо млеко (без органско и со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% од 1 л
    јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2% во пакување од 1 л и 1,5 л
    кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во пакување од 300 до 500 гр
    павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 гр традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци)
    традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци)
    свежи јајца од кокошка
    свежо овошје
    свеж зеленчук

     

    Нови пониски цени треба да добијат сите производи од овие групи, без оглед дали се од домашен или од странки производител, нагласи министерот за економија Крешник Бектеши. Исто така, посочи, можеби во маркетите цените на производите се зголемени, 100 насто, но тоа ништо не значи во случајот. Мора да се корегираат цените со ниво од први август. „Што ќе значи намалување на цените и до 30-40 проценти“, наведе министерот.

    Исто така, ознаката мора да е видлива за граѓаните, а натписот „гарантирана цена“ е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и може да се преземе.

    Маркетите ќе можат да спроведуваат акции со пониски цени од оние пропишаните со новата одлука, доколку причината е истек на рокот. Но, и тоа мора да биде посебно означено.

    Производителите и дистрибутерите, пак, се должни со овие производи количински да ја снабдуваат малопродажбата – најмалку за 70 отсто во однос на количините испорачани во август, појасни Бектеши.

    За непочитување на оваа мерка инспекторите, кои ќе вршат зачестени контроли, може да изречат и забрана за вршење дејност. Идната недела, во вторник ќе се зголемат и ингеренциите на ДПИ.  „ДПИ може да постапува во зависност од сторениот прекршок, но мислам дека трговците ќе ја почитуваат одлуката во 99 отсто од случаите. Доколку граѓаните забележат прекршување, веднаш треба да го известат ДПИ, а ако се забележи дека пазарните инспектори не излегле на терен, ние како Влада ќе преземеме мерки кон ДПИ“, предупреди Бектеши.

    Македонија не е единствена земја која пристапува кон вакви мерки. Министерот осочи на земји од ЕУ кои тоа го практикуваат, а како пример ја наведе Хрватска. За Србија прокоментира дека се определила за мерките кои ние претходно ги спроведувавме.

    Засега нема проценки колку оваа последна мерка, за која се издвоени 70 милиони евра, ќе влијае врз намалувањето на инфлацијата. Сепак, Бектеши е сигурен дека до крајот на годинатазамрзнува цени, додавајќи дека очекува во наредните месеци да има намалување на инфлацијата во дел стапката нема да биде повисока од четири или пет проценти, барем во делот на храната.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично