ПОВЕЌЕ

    Министерот Бесими и гувернерката Ангеловска-Бежоска на состанокот на Конституенцата на ММФ и Светска банка во Црна Гора

    Време зa читање: 2 минути

    „Стремеж за економска стабилност/Фискална консолидација и затегнување на монетарната политика – кој е оптималниот микс на политики?“ е темата на панел дискусијата на која ќе учествува министерот за финансии, Фатмир Бесими. Во дебатата се вклучени гувернерите на централните банки на Молдавија, Ерменија и Романија, а свои обраќања ќе имаат и Клас Кнот -претседател на Банката на Холандија и Алфред Камер, директор на одделот за Европа во ММФ.

    Ова е дел од дводневниот состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка што се одржува во Тиват, Црна Гора.

    На маргините од состанокот на Конституенцата, министерот ќе има билатерални средби со  заменик-претседателот на Светска банка, Антонела Басани и со Алфонсо Гарсиа Мора, регионален заменик-претседател во ИФЦ, како и со директорот на одделот за Европа во ММФ, Алфред Камер.

    На Состанокот на Конституенцата во Тиват ќе учествуваат високи претставници на ММФ и Групацијата на Светска банка, гувернери на централни банки, меѓу кои и македонската гувернерка Анита Ангеловска-Бежоска, и министри за финансии на земјите членки.

    Македонија како земја членка на Светската банка е дел од Холандската конституенца, а министерот за финансии  ја претставува државата во Одборот на гувернери на Светска банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично