ПОВЕЌЕ

    ДРЕКСЛМАЈЕР ОСТАНУВА НАЈГОЛЕМ РАБОТОДАВАЧ, а само 20 фирми имаат над 1.000 вработени

    Време зa читање: 3 минути

    Кај 100-те најголеми работодавачи во 2025 година имало 84.753 вработени, а со точно 1.000 вработени била една компанија, додека над 1.000 вработени имало во 20 компании, покажуваат податоците од Бизнис мрежа.

    Ако, пак, се погледнат податоците од Централниот регистар, тие откриваат дека на крајот од минатата година имало 171.164 субјекти во Трговскиот регистар и регистарот на други правни лица, што значи дека присуството на големи компании со четвороцифрен број на вработени е сосем мало. Ги има само 0,012 насто! Но, кај овие фирми има вкупно 39.157 вработени, што е 7 насто од сите вработени.

    Рекордер по бројот на вработените, со 5.277 вработени, е Друштвото за производство на електрична и електронска опрема за моторни возила ДММ Дрекслмајер мануфактуринг Македонија ДООЕЛ увоз-извоз. Но, компанијата Дрекселмајер лани го намалила бројот на вработените за 10,5 насто во однос на 2024 година, кога имала 5.896 вработени. Сепак, и со намалениот број, оваа компанија, како и претходната година, останува лидер по вработеност.

    Иако има работодавачи што го зголемиле бројот на вработените, како и такви што го намалиле – крајниот исход е поголема бројка на вкупно вработени лица кај 100-те најголеми работодавачи во 2025 година во однос на 2024 година. Лани имало 84.753, а преклани – 83.721.

    Најголем раст на бројот на вработените има штипската компанија Телекабел – од 223 во 2024 година на 465 во 2025 година, што е раст од 108,5 насто.

    Најголемо намалување на бројот на вработените има кај Друштвото за производство, трговија и услуги КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА СК ДООЕЛ Скопје. Намалувањето е од 2.373 на 1.867, или за 32,67 насто.

    Првите две места како најголеми работодавачи ги држат странски компании од областа на автомобилската индустрија, потоа е консултантска куќа, па потоа пак е фабрика од автомобилскиот сектор, а следните три места се за нашите компании: Алкалоид, Макпетрол и Никоб.

    Во рамките на серијалот 100 најголеми работодавачи во 2025 година, Пари ги открива бројките за 100-те најголеми работодавачи, кои може да ги погледнете во продолжение:

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска-Мијоска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

    Следно од серијалот 100 најголеми: Колкави плати даваат најголемите работодавачи?

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично