Грижата за животната средина како дел од корпоративната стратегија повторно се ефектуира во конкретна акција на терен. Повеќе од 130 вработени во НЛБ банка, меѓу кои и членовите на Управниот одбор, се вклучија во еколошката акција за расчистување на отпадот на планината – заштитен знак на Скопје. Под мотото „За почисто Водно“, еко-волонтерите го отстрануваа отпадот од зелените површини и од рекреативните патеки.

Во реализацијата на еколошките иницијатива, досега се вложени повеќе од 400 волонтерски часови. Тие се потврда за посветеноста на Банката кон заштита на природата и унапредување на квалитетот на животот во заедницата, покажувајќи на дело колкава е важноста на одговорниот однос кон природата и јавниот простор. Особена вредност на настанот, истакнуваат од НЛБ банка, му дава ангажирањето на децата, што дополнително ја нагласува потребата од градење еколошка свест, зачувување на природните ресурси и негување на одговорен однос кон животната средина кај идните генерации.

„Во НЛБ Банка веруваме дека вистинската одговорност кон заедницата се мери преку конкретни дела. Грижата за животната средина не е само наша стратешка определба, туку и обврска што ја живееме секојдневно, со личен пример, со активна вклученост и со јасна намера да придонесеме за подобар свет за генерациите што следат. Како институција што е длабоко поврзана со заедницата, ќе продолжиме да иницираме и поддржуваме активности што создаваат трајна вредност, ја јакнат еколошката свест и оставаат позитивен белег во просторот во кој живееме и работиме“, нагласуваат од Банката.

Меѓу еко-иницијативите спроведени во изминатиот период, се и – акцијата за чистење на отпад во Виница под мотото „За почиста Виница“, во која учествуваа вработените во експозитурите од источниот регион; и донацијата на садници од лаванда за Холандскиот парк во Охрид, што ги засадија учесниците на Лидерската конференција на Банката.
Еко-свесните и општествено одговорни активности претставуваат значаен сегмент од стратегијата на НЛБ Групацијата и се спроведуваат во сите земји каде што таа е присутна.
Аналитика








