ПОВЕЌЕ

    Акцијата на УНИ банка влегува во МБИ10, ОМБ се проширува со три обврзници

    Време зa читање: 2 минути

    Обичната акција на УНИ банка е дел од основата за пресметка на основниот берзански МБИ10 индекс, наместо акцијата на Македонијатурист. Составот на ОМБ се дополнува со обврзниците за денационализација од 16, 17 и 24 емисија.

    Комисијата за берзански индекс ја изврши редовната полугодишна ревизија, а датумот за имплементација е 30 јуни.

    „Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Македонски Телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и Реплек АД Скопје.

    Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Шеснаесетта емисија (RMDEN16), Обврзниците за денационализација-Седумнаесетта емисија (RMDEN17), Обврзниците за денационализација-Осумнаесетта емисија (RMDEN18), Обврзниците за денационализација-Деветнаесетта емисија (RMDEN19), Обврзниците за денационализација-Дваесетта емисија (RMDEN20), Обврзниците за денационализација-Дваесет и прва емисија (RMDEN21), Обврзниците за денационализација-Дваесет и втора емисија (RMDEN22), Обврзниците за денационализација-Дваесет и трета емисија (RMDEN23) и Обврзниците за денационализација-Дваесет и четврта емисија (RMDEN24)“, посочено е во известувањето на Македонска берза.

    Следната редовна ревизија ќе се изврши на 15 декември годинава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично