ПОВЕЌЕ

    МИЦКОСКИ: Македонската градежна оператива нема да може сама да ги изнесе големите проекти

    Време зa читање: 2 минути

    Владата најавува голем инвестициски циклус во наредната декада од скоро 10 милијарди евра во инфраструктурата, енергетиката и капиталните проекти. Но, едно од клучните прашања е дали домашната градежна оператива има доволно капацитет да ги следи тие инвестиции.

    Премиерот Христијан Мицкоски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека веднаш по враќањето од Тиват имал средба со македонските градежни компании во Стопанската комора, за да се утврди што може да се изведе со домашни ресурси, а што ќе мора да се бара од странство. Според него, амбицијата на државата е значително поголема од моменталниот капацитет на домашната оператива. Договорено е градежниот сектор да расте од 25 до 30 проценти годишно, но и со таков раст Македонија ќе мора да ангажира градежни компании од странство.

    „Така што моментално не е толкав капацитетот колку што е потребата и колку што е нашата амбиција, негде годишно просечно по една милијарда евра. Многу е помал капацитетот, но се договоривме да имаме раст од прилика на 25 до 30 проценти на годишно ниво, што во одреден период ќе ни овозможи да дојдеме на половина од тоа што е нашата амбиција. Другата половина ќе мораме да бараме градежни компании од надвор.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично