ПОВЕЌЕ

    КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ПРЕПОРАЧУВА: Електронска идентификација зa лесен и безбеден онлајн пристап до банкарските производи

    Време зa читање: 3 минути

    Односот помеѓу банката и секој клиент се базира на доверба, задоволство, ефикасност и безбедност. Со експлозивниот раст на дигиталното банкарство, очекувањата на клиентите се зголемуваат, а стандардите на банките се зајакнуваат и осовременуваат во интерес на задоволување на новите потреби на клиентите, при што сигурноста е секогаш највисок приоритет, велат од Комерцијална банка.

    Електронската идентификација е нова и модерна услуга која ги носи предностите на целосно дигиталното банкарство. Преку услугата електронска идентификација банката ги интегрира ефикасноста и безбедноста при онлајн користење на нејзините производи и услуги.

    ШТО Е ЕЛЕКТРОНСКА ИДЕНТИФИКАЦИЈА?

    Со електронска идентификација клиентот го докажува својот идентитет во банката без посета на шалтер, во движење, од канцеларија или од дома во кој било период од денот. Банката мора со сигурност да го потврди идентитетот на клиентот што врши одредена трансакција со цел да обезбеди безбедност и сигурност на деловните процеси и на личните податоци и трансакции на клиентот. При електронска идентификација, потврдата на идентитетот на корисникот се прави преку проверка на повеќе бази на податоци и со користење силни механизми за автентификација.

    КАКО ФУНКЦИОНИРА ЕЛЕКТРОНСКАТА ИДЕНТИФИКАЦИЈА?

    Електронската идентификација има за цел да му обезбеди на корисникот брз и безбеден пристап до неговите финансиски информации и до производите и услугите на банката од далечина. Достапна е преку мобилнатa апликација OneID, а клиентот се идентификува биометриски преку отисок на прст, приказ на лице, зеница, гласовна порака и сл., односно преку негов уникатен идентитет.

    За да ја користи услугата електронска идентификација клиентот мора да има:

    • Мобилен уред кој поддржува биометриска автентификација,
    • Валидна адреса на е-пошта (e-mail),
    • Мобилен телефонски број (само македонски мобилни броеви),
    • Валидна лична карта или пасош.

    КОИ СЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКАТА ИДЕНТИФИКАЦИЈА?

    Преку онлајн пристап до производите и услугите на банката клиентите штедат драгоцено време, а и пари. Електронската идентификација ја активираат еднаш, а ја користат секогаш кога треба да се идентификуваат од кое било место и во кое било време. Со личната електронска идентификација, покрај тоа што го докажувате вашиот идентитет од далечина, исто така може и електронски да потпишувате документи со својот електронски потпис.

    Максимално корисничко задоволство ви обезбедува банката со тоа што ви овозможува практична примена на оваа услуга во повеќето од вашите секојдневни финансиски трансакции – ажурирање лични податоци, отворање платежна сметка, активирање мобилно и електронско банкарство, аплицирање за кредитни производи…

    Електронската идентификација е дигитално решение кое дефинитивно помага за зацврстување на безбедноста и на корисноста на финансиските производи и услуги и кое дефинитивно треба да се искористи за да се уживаат бенефитите на дигиталното банкарство.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично