ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка една од трите најтргувани компании во постоењето на Македонската берза

    Време зa читање: 2 минути

    Честа и гордоста на Комерцијална банка АД Скопје како една од трите најтргувани компании во 25-годишното постоење на Македонската берза за хартии од вредност се огромни како поради постигнатиот успех, така и поради придонесот на Банката во растот и развојот на македонскиот пазар на капитал, објави Комерцијална банка.

    -По повод 25-годишниот јубилеј на сите кои беа дел од Македонската берза им упатуваме најсрдечни честитки. За Комерцијална банка е од исклучителна важност Берзата и во иднина да се развива бидејќи Банката не само што е главната blue chip компанија на пазарот, туку е и активна членка и акционер, посочуваат од банката.

    Комерцијална банка има стратешка цел да биде котирана на Македонската берза на сегментот суперкотација, каде во моментот е единствена компанија, да ги почитува највисоките стандарди за известување на јавноста, активно да учествува на инвестициските конференции и во развојните проекти што ги иницира и реализира Македонската берза.

    Досегашната 25-годишна соработка помеѓу Комерцијална банка и Македонската берза потврди дека интересот и потребата од постоење ефиканска и транспарентна берза се од обострано значење. Комерцијална банка придонесе за развојот на пазарот на капитал со максимална одговорност кон акционерите. Од друга страна, Берзата ѝ овозможи на Комерцијална банка не само зголемена компаниска видливост, туку и поголемо чувство на сигурност, како кај акционерите, така и кај клиентите кои не се акционери бидејќи се информирани за работењето на банката, потенцираат од Комерцијална.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично