ПОВЕЌЕ

    Како до богатство? – Прашање на кое не(и)ма одговор

    Време зa читање: 4 минути

    Како до богатство? Кога се работи за реализација на вашите финансиски цели, потребно е да знаете кон што да се движите. Споделуваме 4 нивоа за доаѓање до богатство по препораките на светските милионери и како се движел нивниот живот во насока на стекнување на нивното богатство.

    Зошто ги нарековме нивоа? Бидејќи исто како во игрите, потребно е освојување на едно ниво за да се премине во друго, каде притоа не постои прескокнување на ниедно од нив.

     

    4 нивоа до богатство

    Прво ниво – Фокусирајте се на стабилноста

    За да се постигне финансиската стабилност потребни ви се следниве клучни работи:

    1. Расчистете со „лошите“ долгови – оние пред сé кои ви ги „јадат“ приходите со огромни камати и чија спирала на позајмување и враќање ќе трае подолг период. Се смета дека за да ја одржите вашата финансиска ликвидност, потребно е за минимум 6 месеци да имате доволно финансиски средства за да ги покрете сите предвидени трошоци.

    2. Создадете буџет со цел следење на приходите и расходите.

    3. Фокусирајте се на трошоците и размислете каде ќе можете да скратите на непотребни трошоци. Непотребните трошоци сите ги правиме свесно или несвесно. На оваа тема поопширно можете да прочитате во нашата статија „Како мудро да располагате со своите пари?“

    Второ ниво – Работете за себе

    Доколку таму се наоѓате, тешко е да се заврши првото ниво, но вреди да се обидете, бидејќи на крајот на денот, сé зависи од самите нас. Со завршувањето на првото ниво стекнувате душевен мир и стабилност како во финансиите, така и во размислувањето. Сега е време да се фокусирате на второто ниво и на вашата работа.

    1. Најпрво најдете ја вашата страст кон одредена работа – што е тоа што најмногу ве привлекува и сакате да го работите? Се покажало со 100% успех дека луѓето коишто страстно ја сакаат работата, успеваат и во намерите да стекнат поголемо богатство. Држете се секогаш за она што ве привлекува да го работите и пробувајте да ги реализирате намерите преку таа работа.

    2. Работете напорно – ниеден вистински успех не се постигнал без труд. Да, можби сме сведоци за постоење на „лесно“ заработени пари, но дали тоа ќе им даде сатисфакција на тие луѓе што „лесно“ ги „заработиле“ парите? Сигурно дека не! Не залудно постои изреката „лесно стекнати пари, лесно се трошат“. Во секоја работа потребен е труд, а затоа постои и оваа мотивациска изрека „трудот секогаш се исплати“. Но, од друга страна, немојте да дозволите да бидете од оние луѓе што ќе застанат само на работата без притоа да размислуваат на успехот.

    Можеби ќе ве интересира „10 работи што мора да ги знаете за парите“.

    3. Заборавете на лежерниот живот – и уште една изрека за освојување на второто ниво „без мака нема наука“. Доволно е јасно на што мислиме во овој дел. На вас останува тоа дали ќе бидете доволно дисциплинирани да го поминете ова ниво.

    Можеби ќе ве интересира рубриката „Рекоа за парите… – Мудри изреки за парите секоја недела“.

    Трето ниво – Стекнете финансиска слобода

    Што значи финасиска слобода? – Да имате месечни приходи што секогаш ќе ви ги надминуваат расходите во месеците каде притоа нема да „кратите“ на стекнатиот животен стил. Постигнување на ова ниво на богатство значи дека имате повеќе алтернативи во работата, не зависите од никого, не чувствувате финансиски притисоци и можете многу од работите што ги посакувате да си ги дозволите.

    1. Штедете, штедете и штедете – постигнувањето финансиска слобода значи и многу штедење. Еден од нашите совети за забрзано штедење може да ви помогне за тоа како да штедите повеќе – Совет за забрзано штедење.

    2. Најважно е како се однесувате кон парите. Вреднувајте го секој денар, така ќе знаете како и каде правилно да го употребите.

    Четврто ниво – Инвестирајте

    Што по третото ниво и како до богатство? Не морате да штедите во класична смисла на зборот, туку инвестирајте.

    1. Започнете сопствен одржлив бизис. Односно започнете повеќе бизиси и диверзифицирајте ги инвестициите. Наравете големо портфолио на инвестиции, намалете го ризикот од загуби и заработувајте уште повеќе.

    Со овој чекор вие би го завршиле последното четврто ниво. Но, што по завршувањето на нивото? Вие сте се стекнале со богатство. А што значи да сте богати? Тоа значи вашите месечни пасивни приходи (без ниту еден ден работа) да ги надминуваат вашите месечни трошоци на вашиот животен стил од соништата.

    Повеќето луѓе што го постигнуваат ова ниво, продолжуваат со работа само од забава и заработката ја пренасочуваат во добротворни цели.

    Со правилна стратегија, добар план, самоувереност и дисциплина, вие можеби ќе бидете во можност да го постигнете вашето посакувано ниво на богатство.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично