ПОВЕЌЕ

    JP Morgan создаде посебен индекс кој ќе го мери приносот на пазарот на обврзници откако Трамп објави еден твит

    Време зa читање: 3 минути
    Објавите на американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер ги пратат голем број на корисници на оваа социјална мрежа, а поради нивната важност заинтригирани се и инвестициските банки и другите финансиски институции.

    Во JP Morgan направија интересна анализа, мереле како твитовите на Трамп влијаат на финансискиот пазар. Откриле дека од јануари 2017 година од кога се преселил во Белата куќа, напишал повеќе од 10.000 твитови, односно во просек по 10 дневно. Нивната содржина често влијае на пазарот, бидејќи Трамп ги соопштува надворешно-трговските одлуки и ја коментира монетарната политика.

    JP Morgan воведе посебен индекс под името Volfefe кој е комбинација на зборот флуктуација (Volatility) и уште еден збор што Трамп го напишал без смисла во мај 2017 година Covfefe за кој се смета дека сакал да напише покриеност (Coverage).

    Индексот Volfefe го мери одговорот на пазарот на обврзници пет минути откако ќе твитне Трамп, односно колку се менуваат приносите на државните обврзници според различната рочност. Бројот на твитови што го раздвижуваат пазарот се зголеми драстично во последниов месец, а посебно кога се твитнати зборовите „Кина“, „милијарди“, „демократи“, „производи“ и „одлично“ се покажува влијанието на Трамп.

    Табела 1: Мерење на твитовите на Трамп по тема
    Извор: Citi, Примерок: Ноември 2016 – Август 2019

    Девизниот стратег на Citigroup, г-ѓа Sukrita Chatterji, истакна дека околу 10% на твитовите на Трамп од ноември 2016 година се од голема важност за пазарот во САД. Таа додава и дека во последните недели повеќе се фокусирани на доларот и Централната банка на САД (ФЕД).

    Табела 2: Селектирани твитови на Трамп по години


    Извор: Citi, Примерок: Ноември 2016 – Август 2019

    JP Morgan и Citigroup не се единствените што се обидуваат да го пресметаат влијанието на Твитер постовите од претседателот Трамп врз пазарите. Bank of America Merrill Lynch минатата недела, исто така, заклучи дека во деновите кога Тамп објавува на Твитер поретко имаат позитивен принос од 5 базични поени во просек. Индексот S&P 500 е повисок за 35% откако Трамп победи на изборите во 2016 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично