ПОВЕЌЕ

    ИЗМАМНИКОТ ОД НИГЕРИЈА ШТО ГО ГЛУМЕШЕ БРЕД ПИТ и олесни Французинка за преку 800 илјади евра, сега се преправа во – Киану Ривс

    Време зa читање: 3 минути

    Нигериски измамник кој претходно измамил Французинка од 800.000 евра преправајќи се дека е актерот Бред Пит, сега се претставува како холивудскиот актер Кијану Ривс.

    „Не беше лесно, но го најдовме“, рече Марван Уараб, основач на „Најди го мојот измамник“ (Find My Scammer), кој го пронајде лажниот Бред Пит користејќи како мамка лажен линк за да пристапи до телефонот на измамникот.

    Тимот го откри неговиот идентитет, неговата нигериска база и 34 други жртви.

    „Тоа е мала група од три или четворица млади луѓе“, изјави Оуараб за францускиот весник 20 минути.

    „Тој е сè уште активен, сега се преправа дека е Кијану Ривс“.

    Уараб сподели докази со нигериските власти и Интерпол, но се сомнева дека ќе дејствуваат.

    „Правниот систем таму ретко се движи“, рече тој, предупредувајќи дека измамникот може да остане на слобода.

    Измамникот користел лажни фотографии генерирани од вештачка интелигенција на холивудскиот актер Бред Пит и испраќал трогателни и романтични пораки за да ја добие довербата на своите жртви, меѓу кои била и 53-годишната Ана, дизајнерка на ентериер од Франција, пишува британски „Сан“.

    Французинката Ана му испратила големи суми пари на измамникот, верувајќи дека тој го финансира лекувањето на ракот на Пит. Тој користел слики од холивудската ѕвезда во болнички кревет, како и лажни лекари кои ја информирале Ана за наводните критични здравствени проблеми.

    Измамникот ѝ се претстави на Ана на Инстаграм во февруари 2023 година, испраќајќи ѝ порака во која тврди дека е мајка на Пит и дека нејзиниот син има потреба од „некој како Ана“.

    Подоцна, тој почна да и испраќа романтични пораки и ветувања за луксузни подароци. Ана решила да се разведе, а после тоа почнала да испраќа големи суми пари за лекување.

    Измамникот тврдел дека не можел да ги искористи парите поради разводот со актерката Анџелина Џоли.

    Кога Ана сфатила дека е измамена, тој продолжил со манипулациите, тврдејќи дека Пит бил во тајна врска со „специјална личност“ и се обидел да изнуди повеќе пари од неа, овој пат претставувајќи се како агент на ФБИ.

    Иако случајот е пријавен и истрагата е во тек, организацијата „Find My Scammer“ откри дека истиот измамник сè уште користи лажни идентитети за да продолжи со своите измами, сега претставувајќи се како друг холивудски актер, Киану Ривс. Измамената Французинка, пак, ограбена и измамена, завршила на психијатриска клиника, со тешка депресија.

    Вистинскиот Бред Пит се огласи за ги предупреди своите обожаватели да не наседнуваат на вакви измами, направени со помош на вештачката интелигенција. „Ужасно е што измамниците ја злоупотребуваат силната врска што фановите ја имаат со познатите личности. Не одговарајте на такви пораки, особено од актери кои воопшто немаат присуство на социјалните мрежи“, беше реакцијата на Пит преку неговиот портпарол, според Индипендент.

    (Фото: Еуроњуз)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично