
Притиснете „Subscribe“ и следете нè.
Имунитетот на главниот државен ревизор и на ревизорите е изоставен од новиот Закон за државната ревизија. Главниот државен ревизор Максим Ацевски во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека претходниот закон ги штител нивните ставови и мислења изнесени при ревизиите. Според него, оваа заштита е важна за независноста на институцијата и за чувствителната работа што ја извршуваат ревизорите. Ацевски интервенирал до надлежните комисии за одредбите да останат, но тие сепак биле изоставени од конечниот текст. Тој го оценува тоа како пропуст и очекува заедно со надлежното министерство и Собранието да се врати заштитата.
„ТЕМЕНУГОВ: Зошто го симнаа имунитетот?
АЦЕВСКИ: „Мене не ми е познато. Јас интервенирав во надлежните комисии, интервенирав во Собранието и така натаму. Се најдовме во ситуација да биде прифатено, па после потоа избришено. Но велам, тоа останува во една заедничка комуникација со надлежното министерство, со Собранието да го надминеме и мислам дека ќе има разбирање за тоа… Не се сомневам дека ова е тенденциозно и намерно, мислам дека се работи за пропуст, верувам дека во нашата дополнителна дискусија, и јас тоа веќе го најавив и на самиот председател на Собранието укажав дека имаме одредени состојби за коишто треба да повторно да дискутираме, тој изрази подготвеност, така дека верувам дека во наредниот период тоа ќе биде надминато.“
Аналитика








