ПОВЕЌЕ

    ИТ БИЗНИСОТ Е СУРОВ – НЕМА ПАРДОН НА ГЛОБАЛНИОТ ПАЗАР

    Време зa читање: 2 минути

    Македонските ИТ компании не се натпреваруваат само дома, туку директно на глобалниот пазар. Таму нема заштитен простор, нема локална удобност и нема многу време за прилагодување. Јордан Димитровски, претседател на МАСИТ, во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ вели дека конкуренцијата е огромна, особено од земји како Србија и Бугарија, чии девелопери се високо рангирани во светски рамки. Затоа, според него, ИТ бизнисот е суров и македонските компании мора постојано да вложуваат ако сакаат да останат во игра.

    „Ние имаме држави соседи каде што нивните девелопери се рангирани во топ 10 најдобри девелопери во светот. Таква е Србија, таква е Бугарија. Значи, се рангирани… Така дека конкуренцијата ни е голема. Тој бизнис е суров, како и што разговаравме. Голема е конкуренцијата. На глобално ниво се…

    Нема пардон туку.

    Наши, а глобално успешни: 10 информатички компании со вкупен приход од 71 милион евра

    Нема.

    Се јадете, како ајкули сте. Добро, тоа е факт и тоа е тоа..

    Тоа е факт затоа што тоа се компании од целиот свет, од регионот. Нас ни се конкурентни компании од Полска, компании од Романија, компании од Германија…“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично