ПОВЕЌЕ

    ИНТЕРВЈУ | Попов: Создаваме долгорочни партнерства со нашите клиенти ,,ПАРТНЕРИ ЕДНАШ – ПАРТНЕРИ ЗАСЕКОГАШ“

    Време зa читање: 4 минути

    Да се биде во чекор со времето често подразбира и да се имаат на располагање доволно финансии за реализација на плановите и за задоволување на потребите. Задачата на кредитните друштва е токму тоа- да ги задоволат потребите на граѓаните за подобар квалитет на животот, преку овозможување на пристап до пари тогаш кога тие се најпотребни.

    Кредо MK е финансиско друштво чија дејност е одобрување на брзи кредити на правни и физички лица, при што на брз и лесен начин се добиваат потребните финансиски средства. Како компанија, посветуваме особено внимание на олеснување и поедноставување на целосниот процес за кредит за да им го олесниме функционирањето во секојдневниот живот на нашите клиенти, вели Благој Попов, генерален директор на ФД Кредо Кард.  Впрочем мотото под кое работи Кредо МК и гласи: “Создаваме долгорочни партнерства со нашите клиенти, ПАРТНЕРИ ЕДНАШ – ПАРТНЕРИ ЗАСЕКОГАШ“.

    Пари: Кредо Кард е финансиско друштво кое постои на пазарот повеќе од 1 година. Дали може да ни кажете која беше мотивацијата за започнување со финансиско друштво?

    Попов: Почетoкот на Кредо Кард е во предизвикот да обезбеди функционално и едноставно решение за финансиски средства на клиентите, притоа создавајќи долгорочни партнерски односи.

    Мотото партнери еднаш-партнери засекогаш беше главна мотивација за започнување со овој нов предизвик. Водејќи се од секојдневието каде човечките односи се зацврстуваат преку меѓусебна доверба решивме да го воведеме истото и во работењето со финансиското друштво.

    Може да се каже дека после 1 година постоење на Кредо Кард, искреноста на нашите кредитни консултанти во пронаоѓањето начин да се излезе во пресрет на секој клиент согласно неговите можности и потреби доведе до тоа да клиентите во нашето финансиско друштво гледаат како на сигурен партнер на кој можат да се потпрат во секое време.

    Пари: По што се разликува Кредо Кард од останатите финансиски друштва?

    Попов: Кога започнувавме со работа, се водевме од тоа да им ги обезбедиме потребните финансиски средства на нашите клиенти со најниски трошоци и во најбрз можен рок. Така ја создадовме понудата на Кредо Кард која вклучува брзи, ненаменски кредити од 7.000 до 120.000 денари со рок на отплата од 2 до 48 месеци.

    Нашата цел е создавање на долгорочни партнерства со клиентите, бидејќи заедно ја градиме приказната која што се состои исклучиво од задоволството и користа кои ги овозможуваме за нашите клиенти. Успешни сте онолку колку што сте им потребни на другите, а ние едни без други не можеме.

    Пари: Дали накратко може да не запознаете со процесот на добивање на финансиски средства од Кредо Кард?

    Попов: Аплицирањето е брзо и лесно, и целосно ONLINE, со неколку едноставни чекори: Прво, потребно е да се пристапи на нашиот веб-сајт www.kredo.mk и да се избере износот кој им е потребен на клиентот, како и рокот на отплата. Потоа, клиентот ја пополнува кратката форма со податоци и апликацијата е направена.

    Клиентите се контактираат од страна на вработено лице кое се грижи за обработката на апликацијата.

    Финансиските средства се префрлуваат на трансакциската сметка на клиентот експресно брзо – за само 15 минути.

    Може да аплицирате од било каде, во било кое време и од било кој електронски уред (мобилен телефон, таблет, компјутер).

    Пари: Пазарот на небанкарски институции, особено финансиски друштва кои овозможуваат брзи ненаменски кредити во последните години доживеа голема експанзија во нашата земја. Според вас, на што се должи овој забрзан раст и развој на ваквиот тип компании?

    Попов: Едноставниот начин на аплицирање од било која локација и релативно брзото одобрување на финансии, сметам дека беа главните причини за овој драстичен раст на ваквите небанкарски институции. Пандемијата само го забрза овој развој и уште повеќе им докажа на граѓаните дека финансиските друштва им обезбедуваат голема предност со тоа што овозможуваат аплицирање online, намалениот број на процедури и минималната документација за добивање дополнителни средства кога тие им се најпотребни.

    За разлика од банките, финансиските друштва како институции овозможуваат пристап до финансии лесно и едноставно, без физичко присуство, и на тој начин ги задоволуваат барањата на клиентите во оној момент кога и неочекувано им се потребни дополнителни средства.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично