ПОВЕЌЕ

    И КОГА ПАЃА ИНТЕРЕСОТ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Акциите на Комерцијална банка и „Алкалоид“ се константа

    Време зa читање: 3 минути

    Помалку трансакции, понизок промет остварен на Македонска берза во март. По раздвиженоста во февруари, во овие сегменти има пад од 37,19, односно од 26 проценти. Трендот на раст е задржан кај пазарната капитализација за 2,96 и кај берзанскиот индекс МБИ10 за 3,77 насто, чија вредност е 7.067,13.

    И во услови на понизок степен на заинтересираност кај инвеститорите, константа како најтргувани се акциите на Комерцијална банка и на „Алкалоид“. Сепак, и кај нивните резултати е забележано намалување во однос на февруарската состојба. Кон групата топ пет најтргувани овојпат се приклучи акцијата на „Гранит“, а измена на позициите има кај „Макпетрол“ – во март е на трето (во февруари на пето) и кај НЛБ банка, која е на четвртото, а беше на третото место. Кај сите нив по нагорна линија се движи просечната цена.

    Во текот на минатиот месец се тргувало со 12.660 акции на Комерцијална банка, по просечна цена од 17.253,95 денари. Преку 608 трансакции е остварен промет од 218.435.029 денари, односно 3.548.711 евра. Со тоа, во структурата има учество од 52,34 проценти.

    Со хартиите од вредност издадени од скопски „Алкалоид“ се евидентирани 277 трансакции, низ кои е истргувана количина од 3.873 акции. Постигната е просечна цена од 20.253,16 денари, а реализираниот месечен промет изнесува 78.440.474 денари или 1.274.156 евра. Уделот е 18,80 проценти.

    Задоволни „алкалоидовци“, врвни резултати – Што сѐ добиваат вработените во „Алкалоид“?

    Во оваа петорка „Макпетрол“ ја држи највисоката просечна цена – 67.098,02 денари за акција. Во 71 трансакција минале 741 акција. Прометот е во износ од 49.719.631 денар/808.039 евра, а во структурата партиципира со 11,91 отсто.

    Во 378 акции на НЛБ банка во текот на третиот месец од годинава се инвестирани 13.511.903 денари/219.414 евра, кои во прометот зафаќаат 3,24 проценти. Просечната мартовска цена е 35.745,78 денари за акција. Направени се 62 трансакции.

    Петорката најтргувани се заокружува со акцијата на „Гранит“, чиј просек е 1.220,69 денари. Реализираните 66 трансакции резултирале со промет од 13.196.915 денари, односно 214.434 евра. Износот опфаќа количина од 10.811 акции, а учеството во структурата на прометот е со 3,16 отсто.

    Што се однесува до пазарната капитализација, мартовскиот берзански билтен покажува ниво од 263.592.859.477 денари.

    Вкупниот промет е во износ од 633.634.563 денари или близу 10,3 милиони евра. За споредба, во февруари беше 13,9 милиони евра.

    Управување со хибридни тимови

    Во март се регистрирани 1.464 трансакции, од кои 1.443 на официјалниот пазар, каде што прометот е 460.921.575 денари/7.487.436 евра и неговото учество е со 72,74 проценти. Уделот на редовниот пазар е со 0,16 отсто, со промет од 1.031.660 денари (16.775 евра) направен преку 10 трансакции. Исто така, евидентирани се и 11 блок трансакции во вкупна вредност од 171.681.328 денари (2.787.517 евра) и со партиципација од 27,09 проценти. Иако бројот на блоковите е помал за 42,11 отсто од февруари (19), кај прометот има зголемување од 27,76 насто.

    Кај реализираниот промет од тргувањето со акции во март се бележи пад од 31,48 отсто. Кај тргувањето со обврзници прометот е намален повеќе од половина, однос но запишан е минус од -51,49 проценти.

    M.A.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично