ПОВЕЌЕ

    HELLENiQ ENERGY И CHEVRON ЈА ПРОШИРУВААТ СОРАБОТКАТА: Нов договор за истражување на јаглеводороди во Јонското Море

    Време зa читање: 3 минути

    Додека Европа бара нови извори на енергија и ја зголемува енергетската безбедност, големите меѓународни енергетски компании продолжуваат да ги прошируваат своите активности во Медитеранот. Во тој контекст, HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на концесијата за Блокот 10 во јужниот дел на Јонското Море во Грција.

    Согласно договорот, Chevron ќе стекне 70-процентен удел во концесијата и ќе ја преземе улогата на оператор, додека HELLENiQ ENERGY ќе задржи 30 проценти од сопственоста.

    Ова е уште еден чекор во продлабочувањето на соработката меѓу двете компании, кои со новиот договор заеднички учествуваат во вкупно пет концесии за истражување на јаглеводороди во морските подрачја на Грција.

    Истражувачките активности во Блокот 10 веќе се наоѓаат во втората фаза. Во претходниот период беа реализирани 2Д и 3Д сеизмички испитувања, кои овозможија подетална анализа на геолошките структури и проценка на потенцијалот за идни активности поврзани со дупчење.

    Главниот извршен директор на HELLENiQ ENERGY, Андреас Сиамисис, оцени дека влезот на Chevron во Блокот 10 дополнително го зајакнува постојното партнерство и создава поширока заедничка истражувачка област во јужниот дел на Јонското Море.

    „Влегувањето на Chevron во Блокот 10 дополнително го зајакнува нашето постојно партнерство и ги усогласува интересите на двете компании во сите блокови во јужниот Јонски регион, создавајќи значително поголема истражувачка област во која заеднички учествуваме. Флексибилноста на нашето портфолио, заедно со можноста за работа на поширока концесиска површина, претставуваат клучни фактори за привлекување на водечките меѓународни енергетски компании и за создавање потенцијални синергии“, изјави Сиамисис.

    Тој посочи дека работата реализирана во Блокот 10 во изминатите години овозможила посеопфатна проценка на неговиот потенцијал и го поддржала влезот на Chevron во поширокото портфолио на концесии.

    Според него, прилагодувањето на сопственичкиот удел ја одразува стратегијата на HELLENiQ ENERGY за активно управување со истражувачките средства како динамично портфолио, во кое сопственичката структура може да се менува во согласност со пазарните и деловните околности.

    HELLENiQ ENERGY е една од водечките интегрирани енергетски групации во Југоисточна Европа, со активности во осум земји и диверзифицирано портфолио кое опфаќа производство, снабдување и трговија со енергија, како и развој на обновливи извори на енергија.

    Во Македонија, групацијата е присутна преку ОКТА, која претставува еден од нејзините најдолготрајни инвестициски и деловни проекти во регионот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично