Кредитните картички станаа дел од нашиот живот. Тоа мало парче пластика нѝ овозможува лесно да купуваме и да плаќаме и секогаш да добиваме дополнителни привилегии и бенефиции.
Кредитна картичка е финансиски инструмент со кој банката ни одобрува паричен износ што можеме да го искористиме за купување производи и услуги, под услов следниот месец да го платиме утврдениот минимумот од делот на средствата што сме го потрошиле. Кредитната картичка е корисна затоа што со неа секогаш имаме достапни средства за итни ситуации.
Таа е корисна и за купувања преку Интернет, а и за поделба на плаќањата на месечни рати кога продавниците не ја нудат оваа опција.
Се разбира, постојат основни правила кои мора да се следат кога се користи кредитна картичка за да се избегнат несакани ситуации. Бидејќи банката дава заем за купувањето на она што ни треба, важно е да се знае дека купувањата што ги правиме со кредитна картичка ќе генерираат камата, односно надомест за средствата од кредитната картичка што сме ги искористиле.
Кредитната картичка треба да ни го олесни купувањето и отплатата, па затоа треба да се користи паметно. Најдобро е да се проверуваат редовно месечните изводи, да се уплаќаат повеќе средства од минимумот предвиден за отплата на долгот и да се купува само она што нѝ е потребно и што можеме да си го дозволиме, односно што можеме да го отплатиме во разумен рок.
Користете ја картичката за купување на рати без камата кај трговците со кои Банката има склучено таков договор. Во овој случај износот што ќе го потрошите ќе ви биде поделен на еднакви рати кои нема да подлежат на камата.
При одлуката каква и од која банка да се земе кредитна картичка препорачливо е да се провери каматната стапка и другите давачки за картичката, но и да се проверат дополнителните бенефиции кои ги даваат одделни банки. Токму таква е бонус програмата на Халкбанк АД Скопје наменета за корисниците на кредитните картички од брендовите Mastercard и Visa издадени од банката, каде што при пазарување и плаќање со овие кредитни картички на различни продажни места објавени од страна на банката, се добиваат бонус поени. Бидејќи еден бонус поен има вредност од еден денар, собраните поени потоа може да се искористат при идни плаќања во мрежата на ПОС терминали од Халкбанк при некое следно пазарување.
Халкбанк АД Скопје нуди повеќе видови Visa и Mastercard кредитни картички со голем број поволности и предности. Доколку станете корисник на Mastercard World Contactless картичката главната привилегија што би ја добиле е членство во Lounge Key програмата на 800 аеродроми низ светот за имателот на картичката и уште една личност по негов избор.
Доколку пак сте корисник на Visa PayWave Credit кредитната картичка добивате можност потрошениот износ да го платите на 2, 3, 6, 12 и 24 рати во зависност од износот на трансакцијата направена на ПОС-терминали, интернет, АТМ на Халкбанк АД Скопје и во сите други банки во земјата и во странство, при што плкаќањето на рати е автоматски сетирано.
Aко сè уште не сте корисник на кредитна картичка на Халкбанк, разгледајте ја широката понуда на кредитни картички кои ги нуди Банката, проверете ги нивните предности и аплицирајте за некоја од нив. Со текот на користењето ќе се уверите дека доколку правилно ги користите истите можат да ви донесат многу поволности.