ПОВЕЌЕ

    Македонски тајкун од Канада го тужи Гугл за 200 милиони долари

    Време зa читање: 2 минути

    Крис Павловски е македонец кој го основал Рамбл пред 8 години. Тој исто работи за Космик и е основач на Jolted Media Group. Моментално живее во Онтарио, Канада.

    Рамбл го тужеше Гугл, обвинувајќи го гигантот дека неправедно ја фаворизира својата видео-платформа YouTube, нанесувајќи им притоа финансиска загуба преку 2 милијарди долари.

    Павловски се појави кај Такер Карлсон и обелодени дека неговата компанија открила милијарди посети кои биле редиректирани кон Јутјуб, нанесувајќи ѝ на Рамбл финансиска загуба од преку 2 милијарди долари.

    Видео платформа со седиште во Торонто, им се придружи на владите и регулаторите во обвинување на една од најголемите светски технолошки компании дека ја користи својата пазарна моќ за неправилно истиснување на конкурентите.

    Рамбл, кој започна во 2013 година со акцент на видеа од домашни миленичиња и бебиња, го тужеше Гугл неделава, обвинувајќи го гигантот дека неправедно ги фаворизира нивните видеа на YouTube платформата.

    Во тужбата, Рамбл тврди дека Гугл се занимава со практики, вклучувајќи „намерно и незаконски местење на алгоритмите за пребарување за секогаш да се дава предност на платформата за споделување видео-снимки на Гугл.

    Во поднесувањето се вели дека пребарувањето на Гугл за видеа на Интернет дури навело врски до Јутјуб, како први резултати во пребарувањето.

    Во тужбата на Рамбл се тврди дека и нејзините корисници биле повредени, бидејќи приходите генерирани од видеа и реклами на канадската платформа се споделуваат со креаторите на содржината.

    Во октомври, Министерството за правда на САД – заедно со единаесет државни јавни обвинители – поднесе тужба против монополот на Гугл, „за да го запре Гугл незаконски да одржува монополи преку антиконкурентни практики на пребарување и пребарување рекламни пазари.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично