ПОВЕЌЕ

    „Гугл“ известува за пониски приходи, првпат пад на профитот во вториот квартал

    Време зa читање: 2 минути

    Матичната компанија на Гугл, „Алфабет“,  објави намалување на приходите за прв пат во вториот квартал на 2020 година, објави Телекомпејпр.

    Вкупните приходи паднаа за два проценти на 38,29 милијарди американски долари, додека оперативната добивка падна на 6,38 милијарди долари од 9,18 милијарди долари.

    Нето-добивката падна на 6,95 милијарди или 10,13 по акција, од претходните 9,94 милијарди и 14,21 по акција.

    Приходите од категориите за рекламирање во категоријата „Гугл пребарување“ и „Гугл маркетинг“ паднаа на 21,31 милијарди долари и 29,86 милијарди долари од претходните 23,64 милијарди долари и 32,49 милијарди американски долари.

    Сепак, падот беше ублажен од категоријата „Гугл Клауд“, чии приходи се зголемија на 3 милијарди долари од 2,1 милијарди долари, како и приходите од други „други“ категории, кои се зголемија на 5,12 милијарди долари од 4,08 милијарди.

    Приходите од другите инвестиции на „Алфабет“ паднаа на 148 милиони долари од 162 милиони американски долари, додека загубата од работењето се зголеми на 1,116 милијарди американски долари од претходните 989 милиони американски долари.

    Гугл најави нова програма за откуп на акции во јули, за најмногу 28 милијарди американски долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично