ПОВЕЌЕ

    Што се случува со Германската индустрија во време на пандемија?

    Време зa читање: 2 минути

    Германското производство се намали за 9,2% во март, што е најбрза стапка на опаѓање од почетокот на првите тековни записи во 1991 година, покажуваат податоците, како главна причина може да се наведе намалената побарувачката на стоки кои ги произведува најголемата економија во Европа, за чија намалена побарувачка допринесе пандемијата.

    Германскиот автомобилскиот сектор, кој е најголем извозник и работодавач со бројка од повеќе од 800.000 луѓе пред појавата на пандемијата, изминатитот месец се намали за 31,1%.

    Аналитичарите велат дека најлошто дури сега ќе следи, Андреас Шеуерл од ДекаБанк периодот што следи го нарече „пред почетокот на хорор приказната“.

    Очекувањата според проценката и анкетата на Ројтерс беа за пад од 7,5%.

    Анализата на податоците, покажува дека најпогодено е извозното производство, како главна причина се наведува намалената побарувачка на извозните производи, стапката на намалување изнесува 11.6%, и пад на капиталните добра од 16,5%.

    Градежништвото е единствената светла точка бидејќи активноста во овој сектор се зголеми за скоро 2%, покажуваат податоците.

    Овие податоци се резултат на рестриктивните мерки што Германија ги наметна во средината на март за да го забави ширењето на вирусот, со кој се справи многу подобро од Соединетите држави и повеќето нејзини европски соседи.

    Извор:Reuters

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично